fbpx

Три тајни кои не ги знае секој: Ова е најдобриот рецепт за славска пченица!

Сварената пченица не смее да се плакне, баш тоа е првата тајна на совршената пченица

Постојат многу начини на подготовка на славска пченица. Навидум, сите рецепти делуваат слични, но вкусот и тоа како е различен.

Овој рецепт е докажан генерации наназад и секој што го пробал е воодушевен од крајниот резултат.

Славската пченица освен што има духовна вредност за домаќините и гостите на славата, треба да биде и вкусна за преку неа да се добие материјален и духовен благослов.

Рецепт:

500гр пченица

400гр шеќер

400гр мелени ореви

2 кесички ванилин шеќер

Половина мускатно оревче

Тие што не ја сакаат аромата на мускатното оревче може и да го изостават од рецептот. Најважно е да имате квалитетна пченица и добро исчистени ореви.

Подготовка:

Половина килограм пченица добро да се истреби од каменчиња и останато ѓубре. Се става во експрес лонец и се прелива со вода, па се остава да кисне преку ноќ. Утредента пченицата се плакне во неколку води за да излезе сета нечистотија за добро да се вари во експрес лонецот.

Кога ќе се свари, оставете ја да се излади и додека се’ уште е млака, исцедете ја, но не ја плакнете. Тоа е една од тајните – пченичниот скроб треба да остане во пченицата. Кога ќе ја исцедите, млаката пченица ја мелете во мелница за мелење месо или блендер. Не треба да биде ситно смелена, подобро да е покрупна и да има волумен. Тоа е втората тајна на славската пченица.

Млаката и смелена пченица се меша со шеќерот и оревите, се додаваат кесичките со ванилин шеќер и по желба мускатното оревче кое треба да биде ситно изрендано.

Мешањето на пченицата со оревите се врши со раце. Домаќинката убаво треба да згмечи и измеша смесата. Тоа е третата тајна и затоа ова е најдобриот рецепт за славска пченица!

На крај пченицата се наросува со мелени ореви. Може да се украси со разни форми од локум, шеќер или да се втисне крст на неа.

Следни Објави

Лекување на болни од корона: Д-р Вело Марковски со детална терапија

Од вечерашната трибина: Пневмонии, рано препознавање, класификација, лекување Белите дробови тежат приближно 1000-1300 гр. Заедно, белите дробови содржат приближно 1.500 километри дишни патишта и 300 до 500 милиони алвеоли. Секоја алвеола е со дијаметар од околу 0,2 милиметри. Пневмонијата е акутна (нагла) инфекција на бели дробови, со различни етиолошки причинители […]