Откако му стана сопруга на принцот Хари, секојдневно дознаваме нови работи за Меган Маркл.
Научивме дека практикува јога, и дека особено води грижа за исхраната.
Секое утро конзумира вода со лимон, а подоцна на дневното мени ѝ е каша со банани. За ручек вообичаено јаде протеинска храна, јаболки и бадеми. За ужинка практикува зелен чај или зелен сок за детоксикација. Вечерата гавно ѝ се состои од тестенини со тиквички, пармезан и чаша вино, откри Маркл за „Delish“.
Поранешната актерка сега конечно го откри и својот омилен десерт, чоколадна торта со портокал без брашно, а рецептот го имате во продолжение:
Потребни состојки:
* 2 портокали
* 6 јајца
* 1 лажица прашок за пециво
* ½ лажица сода бикарбона
* 1 ¼ шолја шеќер
* 2 шолји мелени лешници или брашно од лешници
* ½ шолја какао
* ½ лажица цимет
* прстофат сол
* шеќер во прав
Начин на приготвување:
Портокалите се ставаат во средно голем сад за готвење. Прекријте ги со вода. Кога водата ќе почне да врие, ставете капак и намалете го огнот.
Гответе ги портокалите околу два часа додека не омекнат. Кога ќе се изладат, исечете ги на половина и отстранете им ги големите семки.
Загрејте ја рерната на 180 степени, ставете ги портокалите во блендер и миксајте додека не добиете каша. Треба да ви остане шолја и пол пире од портокал. Додајте ги останатите состојки, освен шеќерот во прав и блендирајте додека смесата не се соедини. Смесата ставете ја во калап за торта и печете од 45 минути до еден час
Кога тотата ќе се олади, наросете ја со шеќер во прав или ставете друг фил по сопствена желба.
Пријатен апетит!
* Текстот не смее да биде преземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.