Уапсен е рускиот јутјубер Стас Рифлеј (30) под сомнение дека ја криел смртта на својата трудна девојка, 28-годишната Валентина Григорјева.
Во истрагата стои дека ја натерал облечена само во долна облека да стои на балконот на температура под нулата, бидејќи еден од неговите следачи тоа го побарал и му платил илјада долари.
Во видеото кое се емитувало во живо на неговиот канал, се гледа како безживотното тело на девојката го положува на креветот.
„Жива ли си“, „Зајче мое, што ти е?“, Вајла, Вајла, изгледаш како да си мртва“, „Кажи барем нешто, ме загрижи“ се дел од репликите кои ги изговара во моментот кога веќе ја насетува бизарната трагедија.
Камерата не ја исклучил ниту кога пристигнале брзата помош и полицијата кои само ја констатирале смртта на девојката.
Бремената Валентина веројатно починала од премрзнување, но точната причина ќе ја покаже истрагата.
Она што засега е познато е тоа дека Рифлај и претходно ја злоставувал девојка си поради „билдање“ популарност на социјалните мрежи.
„За што треба да жалам? Ништо не направив“, им рекол тој на психијатрите по инцидентот, пренесува британски „Сан“.