fbpx

Африканска астрологија: Најточната анализа за секој знак!

Африканската астрологија нуди еден сосема поинаков пристап кога се во прашање ѕвездите.

Велат дека африканскиот хороскоп дава најточна слика за личноста.

Татко

(Од 4 јануари до 3 февруари)

Поврзан е со Сонцето и со светлината. Припадниците на овој знак се стабилни и чесни личности кои живеат во реалноста. Внимателни се и другите имаат доверба во нив, па често им се обраќаат за совет. Имаат чувство за добар бизнис, имаат и ксмет, но повеќе се потпираат на нивната издржливост, отколку на нивната среќа. Родените во овој знак бараат стабилна врска. Сакаат сè да прават заеднички со партнерот. Припадниците на овој знак имаат и  многу пријатели. Што се однесува до работата, имаат потреба од висок социјален статус. Секогаш го добиваат тоа што го сакаат. Нивна мана е преголемото изложување на стресни ситуации. Треба повеќе да спортуваат, а најмногу им одговара пливање.

Мајка

(Од 4 февруари до 5 март)

Овој знак е поврзан со Месечината. Станува збор за личности кои смируваат со својот убав, но истовремено и силен изглед. Забавни се, посветени се, но многу често и не се доволно разбрани од другите. Не секогаш се верни во љубовта. Сакаат предизвици и сè што може да ја направи врската поинтересна. Не се заинтересирани да бидат само со една личност, но постои можност да го најдат вистинскиот партнер само ако истиот им дозволи доволно простор во врската. Не се врзуваат ниту само за една работа. Особено им е важно да имаат и доволно слободно време. Родените во овој знак треба да практикуваат здраво мени, а треба да внимаваат на белите дробови. Не се спортски тип и ним им е доволна само кратка прошетка за да земат воздух.

Семејство

(Од 6 март до 4 април)

Родените во овој знак се пријатни и внимателни луѓе. Често се дел од добротворни мисии. Пријателите, семејството и децата им се најважни на родените во овој знак. За да бидат среќни, треба постојано да се опкружени со најблиските. Партнерот треба да го прифати нивниот начин на живот. Овие луѓе никогаш не се здодевни во љубовта. На професионален план, најмногу им одговара да работат во образованието. Сакаат да го споделуваат знаењето со другите. Што се однесува до спортот, нивниот избор се јогата и боречки вештини.

Син

(Од 5 април до 4 мај)

Родените во знакот син се луѓе на кои другите може да сметаат во било кое време. Секогаш се околу тие што ги сакаат, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Не секогаш тоа им успева, па многумина остануваат сами. Сепак, имајте в предвид дека се подготвени за љубовта да направат сè. НА професионален план, постојано се во потрага по предизвици. Ја сакаат музиката, талентирани се и за пишување. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро кога друг нешто им наредува. Сакаат секаков спорт, од велосипедизам до бокс. Иако се доста активни, често имаат проблем со спиењето.

Ќерка

(Од 5 мај до 4 јуни)

Припадниците на овој знак секогаш се грижат за непотребни работи, а тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот. Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Во љубовта имаат силна страст, често играат на картата сѐ или ништо. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако тоа природно не им доаѓа. Многу се искрени. На работа се многу креативни, но им недостасува континуитет. Одлично им лежи комуникацијата и односите со јавноста. Одлични се кога работат под притисок. Кога е здравјето во прашање, треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Обожаваат морска храна.

Чичко

(Од 5 јуни до 4 јули)

Нивниот авторитет понекогаш е толку голем што на другите им стануваат напорни. Она што ја релативизира ваквата нивна особина е што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат и на сопствена сметка. Припадниците на овој знак се родени лидери, па она што им фали е да бидат малку потолерантни кон другите. Тешко прифаќаат компромис и во љубовта, па тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Треба да научат да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е. Припадниците на овој знак имаат вишок енергија, па спортувањето им е неопходно.

Вештерка

(Од 5 јули до 4 август)

Името не означува ништо страшно, ниту пак опасно. Овој знак всушност се поврзува со рамностран триаголник, што ги симболизира авторитетот и восхитот. Тоа се ведри и определени личности. Добро се познаваат себеси, сопствената сила и граници. Често ги менуваат пријателите. Склони се кон љубов на прв поглед. Често знаат да го напуштат партнерот заради некој друг, но потоа повторно да се вратат кај претходната личност. Во однос на работата, среќни се кога работат во помали компании и затоа повеќе им одговара индивидуална работа. Од спортовите најмногу им одговара тенисот.

Лав

(Од 5 август до 3 септември)

Сите го сакаат нивниот позитивен начин на размислување и способноста да го заборават она што ги повредило. Имаат силно развиен инстинкт. Не ја сакаат рутината и често го менуваат работното место, домот или партнерот. Кај нив, кога е љубовта во прашање, нивниот разум го победува срцето и така успешно ги надминуваат сите конфликти. Често го менуваат работното место и не се плашат да преземаат ризици. Сакаат било каква физичка активност, но им треба време да научат како да го добијат најдоброто од секој спорт.

Антилопа

(Од 4 септември до 3 октомври)

Родените во овој знак се страсни, сè што ќе посакаат, го сакаат веднаш. Треба да научат како да размислуваат посмирено и помудро. Сакаат и силни и интензивни врски. Потребно им е многу време за да ја најдат совршената личност, онаа која ќе ги разбере и ќе им ја даде потребната слобода. На работа, често се случува да работат под притисок и да бидат ограничени. Најдобро се снаоѓаат со финансии. На припадниците на овој знак им е потребен здрав сон за да немаат променливо расположение.

Мудрец

(Од 4 октомври до 3 ноември)

Овие луѓе се емотивни, но и дволични. Еден ден ќе ви читаат поезија, а веќе наредниот ќе манипулираат со вас. Нивното расположение се менува како што се менува времето. Нивната најголема предност е тоа што лесно се приспособуваат. Среќни се само кога се заљубени. Романтични се и ги сакаат патувањата. Овие личности многу често располагаат со писателски и сликарски вештини. Имаат неограничена енергија и тоа е добро за нивното здравје.

Тетка

(Од 4 ноември до 3 декември)

Овие луѓе се среќни и интуитивни, постојано се во предност пре другите и материјално и духовно. Уживаат во животот, знаат што е добро за нив и обожаваат да ги разгалуваат тие што ги сакаат. Во љубовта балансираат помеѓу стабилна врска и летна авантура. Сексот им е многу важен. На работа секогаш се лојални и добро информирани за средината во која заработуваат. Здравјето одлично ги служи.

Изобилство

(Од 4 декември до 3 јануари)

Родените во овој знак се среќни и лесно минуваат низ животот, но не мислат за другите. Одбираат со кого ќе се дружат, а тешко одлучуваат што точно бараат и во љубовта. Кога ќе најдат партнер, истиот мора да игра според нивните правила. Тешко им оди да разберат дека не треба да ги мешаат љубовта и работата. Потребни им се почести одмори за да можат да продолжат со работа.

Следни Објави

Фановите во шок: Омилената ТВ-ѕвезда почина на 33 години

Витни Колингс, ѕвездата од телевизиското шоу Bad Girls Club почина на 33-годишна возраст, јавуваат странските медиуми. Причината за смртта се’ уште не е позната, а тажната вест на „Фејсбук“ ја објави нејзината мајка. – Скршена сум од болка. Ова никогаш нема да го преболам. Животот е толку неправеден. Беше омилена […]