Витни Колингс, ѕвездата од телевизиското шоу Bad Girls Club почина на 33-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.
Причината за смртта се’ уште не е позната, а тажната вест на „Фејсбук“ ја објави нејзината мајка.
– Скршена сум од болка. Ова никогаш нема да го преболам. Животот е толку неправеден. Беше омилена и имаше големо срце – напиша таа.
Реалното шоу Bad Girls Club се емитуваше од 2006 до 2017 година, а Колингс глумеше во третата сезона кога имаше 21 година.
Нејзините пријатели и колеги масовно споделуваат емотивни пораки на социјалните мрежи.
„Срцето ми е скршено. Витни и јас поминавме толку многу забавни денови заедно“, е една од објавите.