Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари (АСМЛ) на својот фејсбук-профил ја сподели тажната вест за смртта на уште еден македонски лекар како последица од Ковид-19.
– Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството! – стои во објавата.
„Многу жално.. Прекрасен човек, нашиот Лале Луше. Нека почива во мир“, е еден од коментарите под постот.