Медицинска сестра на 55-годишна возраст од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола, информира порталот „Независен.мк“
„Пациентката била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба. Подолг период била на боледување и не се заразила на работното место“, велат од Министерството за здравство.