fbpx

На лекови сум, не сум свесна дека го изгубив: Проговори ќерката на Џеј

По смртта на легендарниот Џеј Рамадановски се огласи неговата ќерка Марија.

Таа за српски „Блиц“ низ солзи раскажала дека моментално е под лекарства и дека се’ уште не е свесна што се случило.

– Што да ви изјавам? Катастрофа. Голема загуба – рекла таа.

На прашањето како изгледале последните денови на нејзиниот татко изјавила дека се’ било исто, вообичаено.

– Како може да ги поминува деновите човек кој е болен. Срцето престана да му чука и тоа сите не’ шокира. Навистина ми е тешко да зборувам сега. Ќе го паметам по широкоградоста, по чистата душа, по песните кои ќе му ги пеам дур сум жива. Иако живеев со мајка ми, со која и по разделбата остана во добри односи, секогаш бев поприврзана за татко ми – открила Марија.

Следни Објави

Наеднаш заспа и почина: Потресно сведоштво за последните часови на Џеј

Само наеднаш заспа и почина во сон Пријатели, колеги и фанови од целиот регион со емотивни посвети денеска се збогуваат од Џеј Рамадановски. Се огласи и ќерка му Марија, а сега проговори и неговиот најдобар другар, клавијатуристот Зоран Јагодиќ Руле. – Не знам што да кажам, шокиран сум. Ова ќе […]