Поранешната евровизиска победничка Марија Шерифовиќ е неутешна по смртта на Џеј Рамадановски.
Популарната пејачка со емотивна порака се прости од својот пријател и колега.
– Џеј. Никогаш нема да се повтори. Нема да се повтори таква душа, таква насмевка, таков хумор. Никогаш нема да се повтори таква боја на глас. За песните и да не зборувам. И да сакам, нема да можам да те заборавам, бидејќи без твоите песни не се живее, не се сака и не се забавува. Нека те чуваат ангелите – напиша таа на „Инстаграм“.