Фановите од целиот регион тагуваат по смртта на неповторливиот Џеј Рамадановски кој почина вчера на 56-годишна возраст од срцев удар.
Српскиот портал „Ало“ пишува дека иако одамна се разделија, Џеј не престанал да ја сака сопругата Нада со која ги има ќерките Ана и Марија.
Пејачот во многу интервјуа нагласуваше дека токму таа била и останала љубовта на неговиот живот.
На лекови сум, не сум свесна дека го изгубив: Проговори ќерката на Џеј
Она што малкумина го знаат е дека Нада глуми во еден од спотовите на Џеј, конкретно во видеозаписот за песната „Лубеница“ снимен 1991 година.