Без комеморација, поради пандемијата, Џеј Рамадановски ќе биде погребан во петок во Алејата на заслужни граѓани, а неговиот кум и најдобар другар Зоран Јагодиќ Руле денеска на медиумите им откри дека легендарниот пејач оставил и аманет како да биде погребан.
„Неговата последна желба беше на вечното почивалиште да биде испратен со 50 виолини и ние ќе му ја исполниме. Ја сакаше таа музика од 60-те години на минатиот век. Ги собравме музичарите и ќе го испратиме баш како што доликува“, вели Руле за порталот „Мондо“.
Тој претходно проговори и за последните денови на Џеј.
– Беше добар, не се жалеше на ништо, но беше претпазлив со короната поради болеста која ја има. Утрото немаше болки, само наеднаш заспа и почина во сон – раскажа тој за „Нова“.