Актерката Бергузар Корел, славната Шехерезад од серијата „Илјада и една ноќ“, комплетно го промени имиџот.
Турската ѕвезда конечно ја скрати долгата коса, а тамошните медиуми пишуваат дека оваа драстична промена најверојатно ја направила наменски поради последниот проект на кој е ангажирана.
Судејќи по реакциите на „Инстаграм“, нејзините фанови очигледно се задоволни од тоа како сега изгледа нивниот идол.
Покрј актерството, Бергузар последните години ужива и во пеењето со кое исто така професионално се занимава.