fbpx

Тага до небо, имаше само 30 години: Почина поранешен кошаркар на Куманово

По долго и тешко боледување, денеска на 30-годишна возраст почина младиот кошаркарски тренер Немања Миљковиќ, јавуваат српските медиуми.

Немања е поранешен кошаркар на КК Куманово. Во сезоната 2017/18 беше еден од најдобрите играчи во тогашниот состав.

Во својата кратка, но исклучително плодна играчка кариера настапуваше за низа клубови од Австрија, Естонија, Грција, Полска, Словенија и Катар.

По трагичната загуба, на „Инстаграм“ се огласи неговиот клуб КК Черак, a преку социјалните мрежи тажната вест ја потврди и неговата долгогодишна девојка која со емотивна порака се прости од него.

Следни Објави

Трагедија во Скопје: Пациент на 22 години почина од корона

Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие починале уште 28 лица, меѓу кои и млад пациент од Скопје кој имал само 22 години. Во изминативе 24 часа починати се уште четворица пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од […]