Министерството за здравство информира дека во последното деноноќие починале уште 28 лица, меѓу кои и млад пациент од Скопје кој имал само 22 години.
Во изминативе 24 часа починати се уште четворица пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г).
Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови.
За само два дена згаснаа два млади животи, откако вчера од компликации на Ковид-19 почина и 28-годишник.
Денеска на прес-конференција директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, најави вонреден инспекциски надзор за овој пациент.