fbpx

Домашна маска: Измешајте ги овие две состојки и имајте здрава коса

Едноставна е за подготовка, потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома, а резултатите се неверојатни

Поради страв од евентуално заразување, заборавивме како е редовно да се ужива додека професионалци се грижат за нашата коса. Сепак, ова е идеална шанса и самите да си посветиме внимание, особено на негата на нашата коса за која претходно не сме имале доволно време. Дури не е ниту потребно да даваме пари во дрогериите и да импровизираме со изборот, кога според многумина иста маска за коса можеме да си приготвиме дома. Искуствата на жените кои веќе ја пробале е дека нема подобра.

Маска од јајца и лимон

Јајцата изобилуваат со витамините А, Д и Е, но и со протеини и масни киселини што помагаат косата да го задржи првобитниот сјај. Покрај тоа, се и одличен природен регенератор.

Лимонот е одличен за сите кои имаат проблеми со масна кожа на главата, бидејќи апсорбира масло. Витаминот Ц придонесува за јакнење на влакното, а природните киселини помагаат во чистењето на косата. Лимоновиот сок е одличен и за борба против првут.

За оваа маска ви е потребно:

– 1 белка

– половина лимон

Подготовка:

Во белката исцедете лимон и мешајте со миксер се додека не добиете хомогена смеса. Намачкајте ја косата и држете ја маската од 30 до 45 минути. Потоа измијте ја.

Следни Објави

(ГАЛЕРИЈА) Тато, разбуди се да видиш дека сите ти дојдоа: Погребан Џеј Рамадановски!

Легендарниот пејач на народна музика, Џеј Рамадановски, денеска беше погребан во Алејата на заслужни граѓани. На Новите гробишта во Белград во голем број се собраа неговите најблиски роднини и пријатели, но и бројни пејачи и актери кои ја почитуваа неговата работа. Бобан Рајовиќ, Кеба, Саша Матиќ, Марија Шерифовиќ, Александра Пријовиќ, […]