Легендарниот пејач на народна музика, Џеј Рамадановски, денеска беше погребан во Алејата на заслужни граѓани.
На Новите гробишта во Белград во голем број се собраа неговите најблиски роднини и пријатели, но и бројни пејачи и актери кои ја почитуваа неговата работа.
Бобан Рајовиќ, Кеба, Саша Матиќ, Марија Шерифовиќ, Александра Пријовиќ, Филип и Виктор Живојиновиќ и Драган Брајовиќ Браја се дел од познатите личности кои дојдоа да го испратат на вечното почивалиште.
Џеј беше погребан според муслиманските обичаи, но му беше исполнета последната желба – на гробот да му засвират 50 виолини.
Со трогателни извици од Рамадановски се простија неговите ќерки Ана и Марија, поранешната сопруга Нада, но и неговата најверна соработничка Андријана со која остана исклучително близок последните 20 години.
На погребот се појави и зетот Адил кој наводно со Џеј немал никаква комуникација последните седум години.
Ќерката Марија исклучително тешко го поднесе простувањето од татка си.
– Тато, те молам разбуди се да видиш дека сите ти дојдоа. Како ќе продолжам понатаму без тебе. Стани и погледни не’ барем уште еднаш – извикуваше таа.
Потресни сцени се редеа една по друга додека се свиреше неговиот евергрин „Недеља“. Во еден момент ѝ се слошило на неговата поранешната сопруга Нада со која Џеј остана во добри односи и по нивното разидување.
Фото: СТ/Д.Кадиќ
Извор: Република.рс