Уште една реномирана докторка ја загуби битката со коронавирусот. Од последици на Ковид-19 во Лозница почина прим. д-р Нада Ѓуриќ (68), специјалист по епидемиологија, јавуваат српските медиуми.
„Таа беше исклучително професионална и добра личност. Беше голем борец за здравјето на луѓето. Од најмал до највозрасен, за неа секој пациент беше подеднакво важен“, раскажуваат нејзини блиски колеги и пријатели.