По тешко боледување, денеска почина познатиот тапанар Александар Сале Поповиќ.
Српските медиуми информираат дека му биле дијагностицирани два тумора на мозокот. По сложениот оперативен зафат имал повеќе хемотерапии, но не успеал да ја добие битката.
Колегите од српската естрада со солзи во очите се простуваат од музичарот кој свиреше во бендот на Милица Павловиќ.
„Уште не го исплакавме Џеј Рамадановски, се случи ова. Лошите вести никако да престанат“, велат тие.
Сале остави позади себе три малолетни деца.