Марија Рамадановски, ќерката на покојниот пејач Џеј Рамадановски, кој почина пред точно една недела, им се обрати на фановите кои ја следат на социјалната мрежа „Инстаграм“.
– Денес е повторно недела, седум дена откако не’ напушти! Чест ни е што сме твои ќерки! Беше најдобриот татко и сопруг на светот!!! Никогаш нема да те заборавиме, гордост наша! Те сакаме, живееш во нас! – напиша Марија под семејната фотографија.
На денот кога почина нејзиниот славен татко, Марија изјави дека ќе го памети по широкоградоста, по чистата душа, по песните кои ќе му ги пее дур е жива.
– Иако живеев со мајка ми, со која и по разделбата остана во добри односи, секогаш бев поприврзана за татко ми – откри таа.