Татко му на познатиот пејач Дарко Лазиќ, хармоникашот Милан Лазиќ, почина денеска откако нагло му се влоши здравствената состојба по операцијата на желудникот.
Лекарите со денови се бореле за неговиот живот, но, за жал, ја изгубиле битката.
По смртта на татка си, Дарко се огласи за српски „Курир“.
– Како да бидам? Како и на сите нормални луѓе, кога некој умира ми е исклучително тешко. Мајка ми не е добро, неа ѝ е исто премногу тешко. Им благодарам на сите кои изразија сочуство – изјави тој.
Милан Лазиќ почина од компликација на стеснување на желудник. Ист таков зафат претходно направи и неговиот син.