„Дизни“ ја лансираше својата божиќна реклама за 2020 година која зборува за важноста на семејните вредности.
Полно со носталгија, ова триминутно анимирано видео зборува за едно семејство претставено преку различни генерации.
Емотивната балада Love Is A Compass ја отпеа 19-годишната Гриф.