Овој знак во зодијакот е познат по своето мрачно размислување кое го следи цел живот
Секој од нас во животот поминува низ тешки моменти кога ќе нѐ совлада тагата и не гледаме излез од таа ситуација. Но, тогаш треба да покажеме сила и да чекороме понатаму.
Сепак, еден хороскопски знак поради своите вечни дилеми во својата глава никако не може да го пронајде вистинскиот пат. Тоа дополнително го растажува и го турка во негативни мисли. Се работи за Вага.
Личностите родени во овој знак се неодлучни и склони на жртва дури и тогаш кога е непотребно. Секогаш се во грч и живеат во страв што постојано им буди црни мисли.
Во друштво обично се омилени поради племенитоста и интелигенцијата, па добро се сложуваат со спротивниот пол.
Самите себеси се најголемиот непријател на патот на среќата.