Турскиот актер кој се прослави во хит-серијата „Величенствениот“ конечно откри што се случува со неговиот брак
Актерската двојка од турските сапуници, 34-годишната Фахрије Евџен и една година постариот Бурак Озџивит ја освоија публиката од цел Балкан, а нивниот приватен живот со големо внимание го следат и македонските фанови.
Турските медиуми, од блиски пријатели на двојката, открија дека Фахрије и Бурак подолго време се на дистанца. По повеќегодишна борба со карцином на желудник, неодамна почина татко ѝ на Фахрије, а актерката наводно тешко ја поднела смртта, па паднала во депресија. Поради ова, грижата за нивниот едногодишен син Каран комплетно му припаднала на Бурак и тогаш почнале првите поголеми несогласувања.
Таблоидите пишуваат дека тоа не е единствениот проблем со кој се соочуваат. Наводно сопружниците немаат ист поглед и за тоа како треба да го воспитуваат нивното дете и често се расправале поради тоа.
Во своето последно интервју славниот Бали Бег од хит-серијата „Величенствениот“ конечно се осврна на оваа тема.
– Ние двајца многу добро се познаваме. Вистина е дека сме популарни, но дома сме само обично семејство. Нашата јавна работа е нешто сосема друго. Кога се впуштивме во врска бевме свесни за тоа. Бевме свесни за се’ и навистина нема никакви проблеми. Сметам дека добро излегуваме на крај со сите предизвици – изјави актерот и со тоа даде до знаење дека се’ е во ред со нивната врска.
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.