Свири горе татко, свири на небото. Со овие зборови популарниот пејач Дарко Лазиќ денеска се простил од татко му Милан кој почина пред два дена.
На погребот присуствувале најблиските роднини и пријатели, но и пејачките Александра Пријовиќ и Андреана Чекиќ, инаку кума на Дарко.
Српските портали пишуваат дека последното испраќање на Милан било пропратено со низа потресни сцени.
„Дарко ја бакна хармониката, па ја спушти во гробот на татка си. Неговата мајка Бранка Лазиќ во еден момент комплетно се изгуби“, јави порталот „Новости“.
Фото: Новости.рс/АТА имагес