fbpx

(РЕЦЕПТ) Најмеките кифлички на светот: Ова домашно тесто се топи во уста!

Состојки:

1,1 кг брашно

500 мл млеко

300 мл масло

2 јајца

2 лажици шеќер

1 лажица сол

50 гр свеж квасец

1 јајце за мачкање

Сусам за наросување

1 маргарин

Подготовка:

Во млако млеко ставете го квасецот, прстофат  сол и шеќер и оставете да надојде. Во поголем сад соединете ги маслото, јајцата, шеќерот и солта, а потоа додадете го и млекото со надојдениот квасец. Додадете го брашното и замесете го тестото, па оставете го 30 минути на топло да надојде. Надојденото тесто поделете го на три дела и секој посебно развлечете го со сукало во круг со пречник од 45 сантиметри.

Со нож исечете 12 делови или 16 ако сакате помали кифлички. Стопете 50гр маргарин и со помош на четкичка премачкајте го секој триаголник, а потоа завиткајте ги кифличките. Ставете ги на плех на кој претходно сте изрендале 75гр маргарин и оставете ги уште 30 минути на топло место.

(РЕЦЕПТ) Лековита домашна супа: Само една чинија го чисти организмот!

Кифличките премачкајте ги со изматеното јајце и наросете ги со сусам. По желба, на секоја кифличка можете да ѝ ставите мало парче маргарин. Печете ги во рерна загреана на 200 степени од 18 до 20 минути.

Следни Објави

(ФОТО) Ким и Кортни Кардашијан пред пластичните операции

И двете немаат ништо против естетската хирургија, но и двете лажат за пластичните операции кои досега ги имаат направено. Малкумина веруваат дека Ким Кардашијан користи само филери, а дека сестра ѝ Кортни единствено ги има зголемено градите, зафат кој не го крие од фановите. Судејќи по оваа фотографија, очигледно е […]