fbpx

Сомнеж во Хрватска: Лекарите не сакаат да се вакцинираат

Повеќе од 50 отсто од лекарите во загрепските болници не сакаат да се вакцинираат, а исто одговориле и 40 отсто од медицинските сестри.

Ништо поголема не е желбата ниту кај вработените во тамошните старечки домови, каде исто така 40 отсто од нив немаат намера да се вакцинираат против Ковид-19.

За среќа, вработените во градинките немаат таков страв, па 70 отсто од нив се изјасниле дека сакаат да се вакцинираат.

Ништо подобра не е ниту состојбата во другите градови во Хрватска. Во Шибеник само 13 отсто од вработените во домовите за стари лица ќе се вакцинираат. На Истра 40 отсто од населението не сака да прими вакцина.

Во Хрватска вакцинирањето е бесплатно и нема да биде задолжително. Во првиот бран треба да се испорачаат по 125.000 дози од „Фајзер“ и „Модерна“. Хрвтите се изјасниле дека не сакаат да примат руски и кинески вакцини, додека судбината на „Астра Зенека“, која ја купи Европската унија, и понатаму е неизвесна.

Во Хрватска дневно умираат по 70 луѓе, а граѓаните сѐ повеќе му замеруваат на Националниот штаб дека е исполитизиран и дека задоцнил со донесувањето на мерките. Респиратори и кревети има доволно, но не и лекари и медицински сестри.

Следни Објави

(ФОТО) Каква година, таква елка: Оваа декорација ги насмеа сите!

Не стивнува пандемијата предизвикана од коронавирусот, па очигледно е дека опседнати со новата „нормалност“ ќе ги дочекаме и новогодишните празници. Фотографијата во продолжение која читател ја испрати до редакцијата на српскиот портал „Информер“ е доказ дека и во најтешките денови луѓето имаат смисол за хумор. Каква година, таква и елка!