На социјалните мрежи денеска цел ден се редат емотивни посвети за Ирена Дојчиновска Милошевска, најмладата македонска медицинската сестра жртва на Ковид-19.
За прерано згаснатиот живот на својата колешка се огласи и директорката на Геронтолошкиот завод „13-ти Ноември“, директорката Салија Љатиф Петрушовска.
– Патувај мирно! Денес требаше да славиш роденден! Неполни 40 години! Нека ти е светол патот, секогаш ќе те запомниме како посветен здравствен работник, храбра жена, среќен човек кој го сака животот и за него си се борела до крај! Почивај во мир, нека ти е светол патот! Длабоко сочувство до семејството, пријателите и колегите! – напишаа таа на „Фејсбук“.
Од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри нагласуваат дека изгубиле голем борец и хуманитарец во и вон своите работни обврски.
– Унијата на ЗМСТАС ќе ја памети како некој кој несебично се даваше во сите активности поврзани во нашата борба за сестринските права, ќе ја паметиме како голем човекољубец, лојален соработник и голем пријател. Изразуваме сочувство до семејството и најблиските. Нејзиниот погреб ќе се одржи утре, на денот на нејзиниот роденден. Ангелите никогаш не умираат – стои во посветата.