fbpx

Во последен миг ме тргнаа од респиратор: Ана (20) со драматична исповед

Преживеав пекол. Сите се шокирани и се прашуваат како се спасив. Но, еве ме жива благодарение на мојата психолошка истрајност, вербата и љубовта. Вака за српски „Блиц“ ја почнува својата приказна 20-годишната Ана Цвејиќ, девојка од Белград која веќе шест години е дијабетичар и едвај го преживеала коронавирусот.

И денес не ѝ е јасно каде се заразила, но кога ги почувствувала првите симптоми, како што вели, знаела што се случува.

Кај мене се’ некако брзо се одвиваше. Ужасна болка во грлото, малаксаност, кашлање, температура – тоа беа првите симптоми. Веднаш реагирав поради дијабетисот. Отидов во Ковид-амбулантата, плуќата ми беше чиста, но ги имав сите симптоми. Ми рекоа „ништо страшно“, ми направија тест и ЦРП кое беше покачено, па ме пратија дома да ги чекам останатите резултати, но и да се вратам ако состојбата ми се влоши – раскажува Ана.

Како минувале деновите, се ределе нови симптоми.

Срцето ми чукаше неверојатно брзо, чудно дишев и се движев, не можев да јадам, а главата ми пукаше. Ова беше сигнал дека битката допрва почнува – открива таа.

Но, имало и денови кога била подобра. Токму тогаш и го добила резултатот – негативна!

„Какво олеснување, нема никого да заразам“, си помислила. Но, токму тој ден почнала и да повраќа. Враќањето во Ургентниот центар било неизбежно.

Секоја минута чекање ми се чинеше како цел час. По неколку часа прегледи, снимање на плуќата, ултразвук на абдоменот, ме пресоблекоа и ме сместија на одделение од каде бргу бев префрлена како „потенцијален ковид пациент“. Стигнаа резултатите. Плуќата и понатаму чиста, уреден ултразвук, но позитивна на корона – се присетува Ана.

Мамо, ме боли срцето, дај ми да дишам: Борбата за живот на Петар и Ема

Тие денови ѝ било толку лошо, што дури и не успеала да запомне се’. Знае дека кашлицата била неподнослива, но и дека медицинскиот персонал исклучително се борел за нејзиното здравје.

Сфатив дека станува сериозно, но во ниту еден момент не се исплашив. Следуваше боцкање, антибиотици, инфузии.. Цела вечер запалено светло само за мене, три сестри растрчани, секоја од нив нешто ми приклучуваше.. Цело време на кислородна поддршка. Веќе ми беше мачно од се’, не знам што се случуваше. Јас, која инаку секогаш сум насмеана и никогаш не помислував дека нешто лошо ќе се случи, во тие моменти бев сигурна дека ова е крај. Ама каков крај? Па, јас го сакам животот – се присетува таа на своите најцрни мисли.

Повторените анализи покажале двојна пневмонија. Почнала борбата за здив.

Лекарите во паника, ме заспале и ме подготвиле за респиратор. Така сум поминала 18 часа. Анестезиологот почувствувал дека се борам, дека не се давам и извикал: „Ова дете само ќе се избори, тргнете ја од респиратор“. Така ме разбудија. Прво што слушнав е дека сите се добро и дека се грижат за мене, ми пренесоа поздрави од пејачот Џани и од Емина Јаховиќ, а срцето сакаше да ми излета. Насмевката ми се врати – сведочи Ана.

По осум дена на интензивна нега, ја префрлиле на одделението по ендокринологија каде поминала уште четири дена. По се’ што ѝ претрпил организмот, требала првпат да застане на нозе.

Чудно се почувствував. Направив неколку чекори кога нозете почнаа да ми се тресат и ми се сврте. Не можев сама да одам ни до тоалет. Наскоро ме пуштија на домашно лекување. Опоравувањето е бавно, но сигурно. Подоцна докторката ми кажа дека постојано сум ја прашувала дали ќе умрам. Искрено, во тие мигови не знаела што да ми каже. Кога ќе се сетам низ што се’ поминав, одма ми потекуваат солзи – завршува Ана.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Има еден пропаднат брак, се дружи со принцот Вилијам: Кој е вереникот на Шарапова?

Поранешната тенисерка Марија Шарапова се вери со британскиот милионер Александар Гилкес со кого е во врска од 2018 година. Убавата Русинка радосната вест ја сподели со нејзините следачи на „Инстаграм“. – Кажав „ДА“ уште првиот ден кога те запознав. Тоа беше наша мала тајна, зарем не? – напиша Марија под […]