Д-р Вера Рајиќ, еден од најпознатите педијатри во Шабац, почина на 77-годишна возраст од компликации на Ковид-19, јавуваат српските медиуми.
Познатата докторка целиот работен век го помина со најмладите. Лекуваше генерации деца, а по пензионирањето продолжи да работи во приватниот сектор, информираат српските медиуми.
Дека многумина ја обожаваа говори и фактот што на социјалните мрежи масовно се простуваат со неа.
„Најголема среќа е кога ќе помогнете таму кадешто е најпотребно. Во душата чувствувате спокој. Сакам да лекувам и да помагам, особено кога се во прашање децата, божјите ангели“, изјави во едно интервју д-р Рајиќ.
Taa во еден период беше ангажирана и во Црвен крст, а последните 15 години имаше и сопствена емисија на локалната телевизија „Ас“.