Во Велика Британија е откриен нов вид на коронавирус, а микробиологот Бранко Рихтман ја објасни можната причина
Заводот за јавно здравје во Велика Британија соопшти дека со проучување на геномот на Ковид-19 е откриен нов вид на коронавирус.
Врз база на податоците со кои тамошните експерти располагаат, се смета дека овој вид се шири уште побргу.
За ова проговори и микробиологот Бранко Рихтман кој живее и работи во Англија и кој веќе ја прими Оксфордската вакцина.
– Според тоа што во моментов е познато, нема разлика во клиничката слика, ниту пак во тоа колку е вирусот чувствителен на вакцини. Но, она што се знае е дека најверојатно се распространува прилично бргу, бидејќи се врзува за човечките ќелии полесно од претходниот вид – вели тој.
Неодамна беше соопштено дека и во Јужна Африка е откриен нов вид на коронавирус.