fbpx

Малку сум анксиозен, но горд: Се огласи Македонецот кој ја прими вакцината на „Фајзер“

Меѓу првите Македонци кои ја примија вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19 е д-р Перица Давитков. Се вакцинирал пред 4 дена во Универзитетската болница во Кливленд каде работи и истражува. Тој во разговор за Сител вели дека освен очекуваната болка во рамото немал никакви реакции.

– Искрено се чувствувам помалку анксиознен, среќен и горд дека медицината и науката нѐ доведоа чекор поблиску во справување со пандемијата. Во однос на симптомите после вакцинацијата, ја имав само очекуваната болка во рамото каде беше аплицирана вакцината и траеше 24 часа. Втората доза планирам да ја примам за три недели – вели Давитков кој е асс. проф. во Универзитетската болница во Кливленд и заменик шеф на катедрата за гастроентерологија.

Тој објаснува дека по втората доза од оваа вакцина се јавуваат и други благи симптоми, како покачена температура, малаксаност, а можна е и болка во мускулите и зглобовите и дека тоа трае од 24 до 48 часа.

Пред да се вакцинира многу читал за самата вакцина и  истражувал за нејзиниот состав. Се консултирал и со искусни колеги по генетика и имунологија од универзитетот во Кливленд токму за развој на вакцини кои директно биле вклучени  во истражувањето за имунологијата на Ковид -19.

Неговиот заклучок е дека вакцината е безбедна, но го разбира и стравот кај граѓаните. Дополнителна причина поради која одлучил меѓу првите да се вакцинира е, како што вели, фаталните последици кои ги предизвикува вирусот.

– Како дел од тимот лекари се имам грижено за цели семејства заболени од вирусот кои имаа тешки компликации, гледав луѓе како умираат сами на одделите за интензивна нега. Гледајќи го сето ова одлуката да се вакцинирам беше прелесна и уште од вториот ден ја примив вакцината, не со цел да се заштитам себе си и моите најблиски, туку и моите пациенти – завршува д-р Давитков.

Следни Објави

Те изгубивме, болката е неизмерна: Почина уште еден наш доктор

Ненадејно почина д-р спец. Надер Исмаили. Тажната вест на социјалните мрежи ја споделија неговите колеги од Универзитетскиот стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон. „Почитувани колеги, почитувани пријатели. Неизмерна е болката од сознанието дека изгубивме уште еден млад живот. Ненадејно нѐ напушти нашиот колега, другар, пријател, човек, д-р спец. Надер Исмаили. Премногу […]