Од последици на коронавирус, синоќа почина уште една млада докторка. Станува збор за д-р Данијела Гордиќ, пулмолог од Кралево, жена која беше директно вклучена во битката со Ковид-19.
„Имаше само 48 години. Три млади деца останаа без мајка. Прекрасна млада докторка препознатлива по благата насмевка си замина кај ангелите. Недостасуваат зборови. Само бескрајна тага и жалост“, напишаа колегите за неа.