По кратко боледување, утрово во Скопје на 59 -годишна возраст почина еден од најпознатите скопски угостители Мирко Голомеиќ, информира „Скопје инфо“.
Тажната вест утрово на социјалните мрежи ја објавил неговиот син.
– Секогаш ќе те паметиме вака насмеан, позитивен и енергичен човек, полн со живот. Почивај во мир – напишал тој на „Фејсбук“.
Голомеиќ беше сопственик на ресторанот „Мирко 919“ и сите угостителски објекти под брендот „Рагуса“. Токму тој беше ангажиран и како главен готвач на папата Франциск за време на неговата посета кај нас.