fbpx

Тања: Kуќата не ми е секогаш средена, ама е полна со смеа

Тања Пенџиќ е мајка на три деца која преку својата животна приказна сака да ни долови како изгледа животот во големо семејство и што треба вистински да направат оние родители кои очекуваат или планираат повеќе од две деца.

Таа открива зошто со нејзиниот сопруг се одлучиле да создадат големо семејство, но и без влакна на јазик зборува за тешките моменти низ кои поминала.

– И јас и сопругот сакавме да имаме три деца. Кога го добивме првиот син пред десет години, сѐ ни се чинеше магично и многу бргу бевме подготвени за уште едно бебе. Судбината одлучи поинаку. Моето тело попушти и ми дијагностицираа стерилитет. Сепак, по шест години се случи чудо, останав бремена и наскоро го проширивме семејството со уште едно момче. Кога сфативме дека не е тешко со две деца, дека можеме да се организираме и да имаме сѐ што ни е потребно, одлучивме да пробаме да добиеме и трето дете. Кога нашата идеја им ја соопштивме на најблиските, сите ни порачаа дека сме луди. Ќерката дојде на овој свет пред само осум месеци – раскажува Тања.

Дури тогаш биле сведоци на драстични промени во нивниот живот.

– Кога добивате женско дете, се менува бојата на облеката, играчките, не може да ги користите старите, но сепак таткото е на седмо небо – има два принца и една мала принцеза. Веќе во првите денови беше тешко да се организираме. Бабите не беа секогаш на располагање, а мажот мораше да работи и немаше право на породилно отсуство, бидејќи јас сум невработена. Најтешки ми беа минутите кога останував сама, а бебето требаше да се дои. Стариот син ќе го причуваше помалиот, но обично се вртеа до мене, па мир и тишина беа состојби за кои можев само да сонувам. Во тие денови немав никаков план. Не ми беше срам што појадувавме бурек или што ручавме готова храна. Единствено ми беше важно никој да не остане гладен. Во тој период додека бебето не почна да спие цела ноќ, ми беше многу тешко. Секој од децата си бараше внимание, а ние бевме преуморни – открива Тања.

Помладиот син на почетокот бил многу љубоморен, не сакал ниту да погледне во креветот на сестричката. Тоа траело неколку недели, сѐ додека таа не почнала да испушта крици, кога им станала омилена. Сега братчињата буквално се натпреваруваат кој ќе легне покрај неа на креветот, кој ќе ја мази и ќе ја бакнува.

– Еден од проблемите беше што средниот син само што ги остави пелените и почна да зборува, се сроди сестричката и тој комплетно им се врати на старите навики. Се посоветувавме со лекари кои ни рекоа дека сето тоа е нормално и дека на тој начин детето се обидувада го задржи вниманието и да остане во фокусот на родителите – вели Пенџиќ.

На крајот Тања има интересна порака до сите оние кои очекуваат или планираат да имаат три деца.

– Можам само да кажам дека се чувствуваме гордо. Можеби куќата не ни е средена и не е сѐ под конец, ама секогаш е полна со смеа. Садовите не се секогаш измиени, ако не облечете папучи сигурно ќе згазнете на некоја ронка или на некоја лего-коцка, но среќата е неизмерна и на радоста ѝ нема крај – вели таа.

Извор: yumama.com

Можеби ќе ве интересира:

Мамо, прости ми за секоја солза: Ова писмо е најважната животна лекција

Следни Објави

Ги призна корекциите: Сека Алексиќ откри каде става ботокс

Сека Алексиќ конечно проговори за естетските корекции што ги има направено во видео кое го сподели со своите обожаватели. – Имав помали зафати. Што се однесува до ботоксот, го користам меѓу веѓите. Најмногу го ставам таму затоа што многу се муртам. Мислам дека тоа е сосема океј – вели пејачката […]