fbpx

(ФОТО) Се ожени со Марија, живееше во Мелбурн, но одлучи да се врати дома

Македонскиот хуморист Васко Тодоров, најпознат по неговото алтер-его Тошо Малерот, е актуелен со книгата „Тошо Малерот: монологија“.

Во истата се собрани култни монолози од легендарното шоу „К-15“, но и скечеви кои досега не биле емитувани на телевизија.

По враќањето од Австралија, Тодоров веќе подолг период е во родната земја. Даде неколку интервјуа, но во ниту едно не проговори дали во Скопје допатува сам и воопшто за неговиот моментален емотивен статус.

Пред пет години стапи во брак со Марија Христова кога и се пресели во Мелбурн.

– Одамна си забранив било какво планирање затоа што секогаш кога сум планирал нешто излегувало обратно! Мислам дека во Македонија да испланираш нешто и тоа да се реализира, спаѓа во научна фантастика! Моето искуство е такво и на сите што ги знам, секоја чест на исклучоците – изјави Тодоров во едно интервју запрашан дали планира засекогаш да остане во Македонија.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

(ФОТО) Меган и Хари објавија божиќна честитка со Арчи

Принцот Хари и Меган Маркл објавија преслатка божиќна честитка. На неа војводата и војвотката од Сасекс уживаат со синот Арчи, а станува збор за обработена слика фотографирана од мајката на Меган, која ги прикажува нив тројца со две кучиња. Се верува дека е направена во нивниот дом во Калифорнија. Дизајнираната […]