Сека Алексиќ конечно проговори за естетските корекции што ги има направено во видео кое го сподели со своите обожаватели.
– Имав помали зафати. Што се однесува до ботоксот, го користам меѓу веѓите. Најмногу го ставам таму затоа што многу се муртам. Мислам дека тоа е сосема океј – вели пејачката во клипот на својот јутјуб-канал.
Таа објаснува дека кога нешто се користи дозирано, тогаш е добро.
– Секоја жена која смета дека има недостатоци истите треба и да ги поправи. Нека биде тоа умерено и нормално – дополнува Сека.