Принцот Хари и Меган Маркл објавија преслатка божиќна честитка. На неа војводата и војвотката од Сасекс уживаат со синот Арчи, а станува збор за обработена слика фотографирана од мајката на Меган, која ги прикажува нив тројца со две кучиња. Се верува дека е направена во нивниот дом во Калифорнија.
Дизајнираната честитка излезе во јавноста откако една организација за заштита на животните случајно ја објави на социјалните мрежи.
Хари и Меган на почетокот на годинава се повлекоа од сите кралски должности и сега живеат во САД.