fbpx

Услиши нѐ нас грешните: Молитва кон свети Спиридон Чудотворец!

Голем и пречудесен светителу Спиридон, пофалбо Керкирска, блескаво светило на целата вселена, пред Бога топол молитвенику за сите оние кои прибегнуваат кон тебе и брз застапнику на сите оние кои со вера ти се молат! Меѓу Отците на Никејскиот собор преславно верата православна си ја објаснил, единството на Пресвета Троица со чудесна сила си го покажал, а еретиците до крај си ги посрамил. Услиши не’ нас грешните кои ти се молиме, Светителу Христов, и со твоето силно застапништво пред Господа избави не’ од секоја неволја, од глад, потоп, оган и смртоносни рани.

Во својот привремен живот од сите неволји си ги избавувал луѓето, од налетите агарјански и од глад си ја спасувал својата земја, царот од неизлечива болест си го избавил и многу грепници кон покајание си ги привел, мртвите преславно си ги воскреснувал, а поради светоста на твојот живот во црквата ангели невидливо ти сослужувале и пееле. Така те прослави тебе, Својот верен слуга, Владиката Христос, во сите скриени дела човечки да проникнеш те дарувал, и да ги разобличиш оние кои неправедно живеат. На мнозина во беда и сиромаштија усрдно си им помагал, во време на глад немоќните си ги нахранувал, и многу други дела со силата на Духот Свет Кој во тебе престојува си извршувал.

Не не’ оставај ниту нас, Светителу Христов, спомни си за чедата свои пред Престолот на Седржителот, и измоли од Бога да ни дарува опростување на нашите многубројни гревови, спокоен живот, непосрамен и мирен завршеток на нашиот живот, и удостој не’ со вечните блаженства на идниот век, за секогаш слава и благодарност да Му вознесуваме на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш, и во вековите на вековите. Амин.

Следни Објави

Мараја призна со колку мажи спиела, одговорот ќе ве изненади

Поп-ѕвездата Мараја Кери во едно онлајн-интервју минатата година проговори за сексуалниот живот, а еден нејзин одговор изненади многумина. Пејачката откри дека била интимна само со пет мажи. – Мислам дека сум примерна во споредба со моите колешки – се пошегува таа. За сите овие мажи на Мараја, фановите веќе знаат. […]