fbpx

Астрологот Василиса Володина за новогодишната ноќ: Невидена среќа и пари за овие хороскопски знаци!

Познатиот руски астролог Василиса Володина вели дека новогодишната ноќ која е пред нас ќе биде навистина магична и на многумина ќе им донесе среќа.

„За жал 2020 беше тешка година, но декември ветува дека се’ ќе се подобри благодарение на бројните добри планетарни случувања. Еден од нив е „милионскиот аспект“ коj Плутон и Јупитер го формираа на средината на ноември, но во декември не ја изгуби својата моќ. Овој аспект ветува голема финансиска добивка, особено за Јарците, Биковите, Девиците, Шкорпиите и Рибите“, открива Володина.

Таа нагласува дека на љубовно поле најмногу ќе им оди на припадниците на хороскопските знаци Стрелец, Овен, Лав, Вага и Водолија.

„Најмагичниот планетарен успех во декември ќе биде хармоничниот аспект на Венера и Хирон кои астролозите го нарекуваат „Капијата на Пепелашка“. Во текот на овој период се отвора единствена можност секој да ја запознае совршената личност за себе или личноста која ќе ни помогне да живееме подобро и полесно. Ова се однесува и на мажите и на жените, а најизразена ќе биде кај Водолиите и Лавовите“, вели Володина.

Следни Објави

(ФОТО) Меланија Трамп блеска покрај елката: Оваа комбинација е совршена!

Се’ уште актуелната прва дама на Америка, Меланија Трамп, ретко знае да погреши во изборот на облеката што ја носи. Се навикнавме на нејзините беспрекорни стајлизи, но овојпат особено ги возбуди фановите на социјалните мрежи. Фотографирана покрај елка, Меланија покажа зошто црвената боја е идеална за зимскиот период и овој […]