Иванка Трамп, ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, може во секое време да си приушти луксузна гардероба, но таа повремено со задоволство им дава шанса и на брендови кои се популарни и кај „обичните смртници“.
Нејзиниот стил е елегантен и најчесто носи дизајнерски фустани, па пријатно ги изненади фановите кога се појави во модел кој чини само 50 евра од старата колекција на еден од најпопуларните брендови кај нас.
Станува збор за фустан од Зара кој досега дури двапати го носеше на официјален настан, што ретко им се случува на јавните личности.
За жал, повеќе не е во продажба, но слични модели можете да најдете во секое време.