Се’ уште актуелната прва дама на Америка, Меланија Трамп, ретко знае да погреши во изборот на облеката што ја носи.
Се навикнавме на нејзините беспрекорни стајлизи, но овојпат особено ги возбуди фановите на социјалните мрежи.
Фотографирана покрај елка, Меланија покажа зошто црвената боја е идеална за зимскиот период и овој аутфит заслужува чиста десетка.
Миди здолништето совршено е надополнето со карирано сако. Кога се во прашање обувките, им останува доследна на црните салонки со изразена висока потпетица.