Лидија Вукичевиќ не престана да го привлекува вниманието со својот атрактивен изглед. Има 58 години, еден пропаднат брак и два сина.
Актерката која се прослави во легендарната серија „Подобар живот“, моментално ја гледаме во серијата „Игра на судбината“, а она што многумина го забележуваат е дека изгледа како девојка, иако одамна ја гази шестата деценија.
Дека се гени во прашање, доказ е и нејзината сестра која ретко се појавува во јавноста.
„Сестра, именка без замен(к)а. Ти благодарам што ме поддржуваш кога не сум во право, ти благодарам што ме чуваш и ме правиш силна. Ти благодарам што ме смееш кога сум намуртена, ти благодарам што ме враќаш на вистинскиот пат кога ќе ја изгубам мапата. Ти благодарам што си секогаш овде. Те сакам“, напиша Лидија во една прилика под фотографијата со својата сестра што ја објави на „Инстаграм“.