fbpx

Напади во Европа, лек за рак: Предвидувањата на Баба Ванѓа за 2021!

За 2020 година прочуената јасновитка рекла дека претседателот на Америка ќе биде хоспитализиран од „мистериозна болест“ што навистина и се случи кога Доналд Трамп доби позитивен тест на Ковид-19

Како и секоја година, пророштвата на слепата бугарска јасновитка родум од Македонија, Баба Ванѓа, се вадат од фиока. Оние за 2021 година предвидуваат страдања и уништувања и само по некоја добра вест.

За годината што доаѓа подвлекла дека американскиот претседател во заминување ќе оглуве поради дијагностициран тумор на мозок. Исто така, предвидува дека ќе биде извршен атентат врз најмоќниот човек на Кремљ, но и дека „змеј“ ќе го завладее човештвото. 

„Ќе дојдат тешки времиња, луѓето ќе се одалечат од својата вера“, кажува таа. 

Предвидува дека во 2021-ва исламистите ќе ја нападнат Европа, а во арсеналот ќе има и хемиско оружје. Воедно кажува дека човештвото ќе го уништат многу поплави и природни катастрофи и дека сето ова ќе ја промени свеста на луѓето. 

Сепак предвидува и убави вести. Човештвото ќе има прилика да го победи злото, а прогнозира и дека во 2021 година конечно ќе се пронајде лек против карцином. Ова се совпаѓа со претставувањето на лекот кој би можел да стави крај на ракот на дојката.

Останува да видиме и што мислела со зборовите дека некои луѓе ќе користат „црвени пари“..

Славната Ванѓа наводно има предвидувања до 5079 година кога и верува дека ќе дојде крајот на светот.

Следни Објави

(ФОТО) Одлично им стои на сите: Оваа боја ќе биде апсолутен хит зимава!

Секоја жена со стил мора да има барем едно парче во оваа боја Модните експерти пресудија! Нежната розева боја ќе доминира во текот на зимската сезона. Велат дека оваа нијанса е добра од неколку причини. Пред се’, на секој стајлинг му дава доза на женственост и елеганција, а покрај тоа […]