Селин Дион (52) празниците ги поминува во кругот на семејството. Пејачката објави фотографија на која позира во исти пижами со своите три сина, 19-годишниот Рене Чарлс и 10-годишните близнаци Нелсон и Еди.
Седнати се пред елката, а Селин на пријателите им посака среќен Божик.
„Празниците да ви донесат љубов, мир, здравје и поубави денови во годината што доаѓа“, им порача таа на англиски и на француски јазик.
Поп-дивата синовите ги доби во бракот со музичкиот продуцент Рене кој почина на 74 години во 2016-та од рак на грло.