По кратко боледување, како последица на коронавирусот, доцна вечерва на 65-годишна возраст почина поранешниот спортски директор на Вардар, Александар Закоски – Гризли, информира порталот „Екипа.мк“.
Во неговиот мандат црвено-црните го имаа еден од најголемите успеси во историјата, елиминацијата на ЦСКА Москва во квалификациите за Лигата на шампионите во 2003 година.
Беше дел и од раководството на Тетекс во златните времиња на тетовскиот клуб.