Се поставува и прашањето дали е подеднакво ефективна и кај старите лица?
Клиничките тестирања на „Спутник V“ покажале дека нивото на имуност на Ковид-19 е ист кај мажите и кај жените кои ја примиле вакцината, како и кај луѓето од сите старосни групи, информира Здравствената руска федерална служба за надгледување.
„Имунолошките својства и безбедноста на вакцината ги следевме во текот на различни клинички тестирања на возрасни личности и кај двата пола. Привремените имунолошки анализи покажаа дека вакцината создава имунитет кај волонтерите, а нивото на антитела речиси и да не се разликува кај мажите и жените, ниту пак кај постарите лица“, е наведено е во документот до кој дојде агенцијата Тасс.
Со оглед на тоа што руското министерство за здравство го одобри користењето на вакцината кај постарата популација, не постои никакво ограничување за граѓаните постари од 60 години, е наведено во извештајот.