Хрватската поп-ѕвезда Северина има две сестри. Со помладата Маријана Вучковиќ Поповиќ е во добри односи, но со постарата Зденка Жуниќ воопшто не разговара.
Конфликтот наводно настанал поради спор за атрактивно семејно земјиште во Сплит каде што бил изграден пат до познат трговски центар.
Според тврдењата на локалните медиуми, Зденка ѝ се налутила на Северина поради нејзината комплетна незаинтересираност да се вклучи во судската битка за плацот кој им се оспорувал.
Дека сестрите сѐ уште не се во добри односи, доволен доказ беше и свадбата на Северина на која таа воопшто не се појави.