Пријателите на социјалните мрежи се простуваат од Лазе Најдовски кој денеска почина од коронавирусот, информира порталот „Курир“.
Изминатиов период на социјалните мрежи се споделуваа апели за собирање на донации за лекување на Најдовски, но за жал тој не успеа да ја добие најважната животна битка.
Неговата здравствена состојба драстично се влошила како последица на Ковид-19, по што граѓаните активно се вклучија да му помогнат со цел лекувањето да продолжи во приватна болница.