Водителот на една од омиените емисии на „Анимал планет“, шоуто „Смртоносен улов“, почина на 33 години во Нешвил.
Ник МекГлашан или рибарот на седмата генерација како што го нарекуваа, со години се бореше со зависност од алкохол и од дрога. Токму поради поседување на нелегални супстанци беше и суспендиран од емисијата.
Причината за смртта сѐ уште не е позната, а покојниот водител позади себе остави две деца.
За лошата состојба во која се наоѓа, повремено пишуваше на неговиот профил на „Твитер“.
„Траумата ме заспива. Истовремено и ме буди. Внимателно со неа – напишал Ник на 10 декември.