На социјалните мрежи постојано се постираат нови фотографии и видеа по двата силни земјотреса кои утрово ја погодија Хрватска.
Пострашниот со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала се случил околу 6:30 часот, а Европскиот медитерански сеизмолошки центар објави дека епицентарот е во близина на Петриње.
Земјотресот бил почувствуван во Загреб, Риека и Сисак, каде што голем број граѓани излегле на улиците поради страв од нови потреси. Меѓу нив и нашата популарна актерка Јелена Јованова Периќ која живее и работи во Загреб.
– За 60 секунди бев облечена и веќе надвор. Минатиот пат ми требаа 180. Напредок! Браво ја! Значи доста е! Доста! Добри сме! Фала ви луѓе – напиша таа на „Фејсбук“.